X
 21.04.2022 Живот

Неверојатна фотографија од Меѓународната вселенска станица која поминува пред Сонцето

Меѓународната вселенска станица орбитира околу Земјата на секои 90 минути со брзина од 28.000 километри на час. Згора на тоа, ретко може да се види во текот на денот. Тоа значи дека нејзиното фотографирање на дневна светлина е прилично незгодно и бара сериозно планирање и подготовка.

Кинескиот фотограф Ванг Летијан успеал да ја фотографира Меѓународната вселенска станица на вистинското место и во вистинското време, а неговата фотографија станала астрономска слика на Денот на НАСА. Не е ни чудо бидејќи ја прикажува станицата како поминува пред Сонцето предизвикувајќи страхопочит кај гледачот.

Од НАСА објаснуваат зошто ваквата фотографија е толку ретка и посебна. И покрај тоа што Меѓународната вселенска станица орбитира околу Земјата 90 пати на ден, таа обично е видлива само навечер. Можете да ја видите како светла точка која лебди на небото неколку пати годишно од многу локации.

- Меѓународната вселенска станица е видлива само по зајдисонце и непосредно пред изгрејсонце бидејќи сјае од рефлектираната сончева светлина. Штом станицата ќе влезе во сенка на Земјата, ќе испадне од видното поле - велат од НАСА.

- Единствената можност кога Меѓународната станица е видлива во текот на денот е кога поминува точно пред Сонцето. Потоа, поминува толку брзо што само камери со кратка експозиција можат визуелно да ја замрзнат силуетата на станицата, додека Сонцето е во заднина - додаваат од НАСА.

Летијан го направил токму тоа на својата фотографија. Всушност, тоа се серија фотографии што ги направил со совршен тајминг. Потоа ги комбинирал фотографиите снимени речиси во исто време.

fotograf
Фото: Wang Letian

Извор: Diyphotography.net
Фото: Wang Letian
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот