X
 29.09.2017 Култура

Ова е најстарата фотографија

Во 1826 година пронаоѓачот Жозеф Нисефор Ниепс ја направил фотографијата погоре, која ја прикажува глетката надвор од „Ле Грас“, имотот на Нипе во Сен Луп де Варен, Франција.

Тој веќе научил дека ако се стави асфалт растворен во масло од лаванда врз калај-плоча, а потоа се постави предмет (како ливче од дрво) на плочата и се изложи на сончева светлина, тогаш асфалтот ќе ги зацврсти повеќето области од плочата што не биле покриени од предметот (и биле изложени на најмногу сончева светлина). А ако ја измиете чинијата, нестврднатиот асфалт под предметот ќе го прикаже предметот што го покрил.

За да ја направи првата фотографија во светот, Ниепс користел битумен од Јудеја (супстанција што се користела уште од времето на древните Египќани) измешан со вода. Тој го ставал на плоча со калај која подоцна се загревала. Потоа ставал плоча во камерата и ја насочувал кон прозорец на вториот кат. Ја оставал камерата подолг период, можеби два дена. Во тоа време битуменот на деловите од плочата што најмногу биле изложени на сончева светлина се зацврстил малку повеќе од површините на плочата што добиле помалку сончева светлина. Потоа Ниепс ги измил незацврстените делови од плочата за да создаде слика што едвај можела да се види.

Додека неговата „хелиографска“ техника ја создал најстарата фотографија во светот, квалитетот на сликата е слаб и било потребно долго време за да ја произведе. Но кога Ниепс и пронаоѓачот Луј Дагер откриле дека со дагеротипот била создадена фотографија со подобар квалитет. Ниепс починал во 1833 година, пред техниката да биде целосно развиена, но Дагер продолжил со синот на Ниепс, Исидоре Ниепс, развивајќи плоча со сребро-јодид изложена на испарување на жива, со што се произвела слика за неколку минути.

До 1838 година Дагер фотографирал предмети и згради, а во 1839 година француската влада ги наградила и Дагер и синот на Ниепс со доживотна пензија за нивната техника на фотографирање.

Фото: Harry Ransom Center's Gernsheim Collection
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура