X
 15.06.2022 Живот

Фотографија што нуди спектакуларен поглед на галаксијата Андромеда

Летото 2020 година светот беше воодушевен од кометата Неовајс, која се појавува на секои 6.800 години.

Бренан Гилмор бил толку воодушевен, што кај него се развила страст за астрофотографијата. По две години откако го започнал неговото „патување“ фотографирајќи ги ѕвездите, тој остварил голема цел: фотографирање на галаксијата Андромеда.

Нашиот сосед на небото, Андромеда, е спирална галаксија слична на Млечниот Пат. Галаксијата се наоѓа на оддалеченост од 2,5 милиони светлосни години и претставува светла точка во атмосферата. Всушност, оваа галаксија била нешто што Гилмор првпат го фотографирал пред две години. Сепак, му било потребно извесно време да ги усоврши вештините и да собере опрема за да ја направи фотографијата од која подоцна ќе биде многу задоволен. Конечниот резултат вредеше бидејќи фотографијата стана вирална откако ја објави на интернет.

Гилмор ја направил неверојатната фотографија од својот двор во Шарлотсвил, Вирџинија, во текот на неколку ноќи. Со својата камера направил стотици фотографии од Андромеда, а подоцна внимателно ги споил за да ја направи последната најдобра фотографија.

Конечната фотографија, создадена од 290 индивидуални рамки, е неверојатно детална.

- Одлично е чувството што јавноста ја цени и е инспирирана од фотографијата која во суштина се создавала со години. Се надевам дека тоа ги инспирира луѓето да се обидат да ја фотографираат вселената или барем да поминат некое време под ѕвездите - вели тој.

galaksija

Извор: Mymodernmet.com
Фото: Brennan Gilmore/Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот