X
 21.05.2018 Наука

Дали ова животно е дојдено од друга планета?

Октоподите се вонземјани - ова е тврдењето на тим од 33 истражувачи објавено во рецензирани научни списанија.

Тие не мислат на вонземјани во метафорична смисла, туку во буквална смисла - вонземјани од вселената.

Сепак, овие тврдења се исмејувани од научната заедница, која трудот на овие научници го нарече смешен и ненаучен.

Што велат научниците?


Тие укажуваат на кембриска експлозија, изненадна експлозија на живот што се случила пред околу 540 милиони години, резултат на вонземска интервенција.

Како претпоставуваат дека се случило тоа?

Поточно, истражувачите ја предлагаат идејата дека вонземските вируси паднале на Земјата во метеор, го заразиле населението на примитивни лигни и со тоа била предизвикана нивната еволуција во октоподи.

Друга теорија сугерира дека оплодените лигни или октоподните јајца паднале на Земјата во метеор.

Во суштина, идејата е хипотеза на „панспремија“, што сугерира дека животот на Земјата бил засаден од вселенска прашина или од астероиди што паднале на Земјата. Еден од поборниците на оваа хипотеза е Чандра Викрамасинг, еден од авторите на трудот.

Зошто истражувачите го истражувале баш октоподот?


Октоподите се чудни. Тие се мекотели, што значи дека се тесно поврзани со полжавите, но се неверојатно интелигентни. Освен нивниот голем мозок и софистициран нервен систем, научниците ги набројуваат и нивните очи слични на камера, флексибилните тела и способноста да се камуфлираат со менување на бојата и формата како доказ за нивното вонземско потекло.

Овие особини се појавиле толку одеднаш во семејното стебло на октоподот, што научниците заклучиле дека биле „позајмени“ од далечната иднина.

Зошто другите научници се сомневаат во тврдењата на трудот?


Постојат многу причини. Прво, како што истакнува Марк Карнал од Музејот за природна историја, ниту еден од авторите не е зоолог.

Голем дел од шпекулациите на авторите се потпираат на идејата дека генетиката на октоподи и нивните роднини е мистериозна - сепак, истражување од 2015 година го открило геномот на октоподот, па затоа трудот е неискрен.

Всушност, гените на октоподите сугерираат дека се вклопуваат во генерално разбраната теорија на еволуцијата на животот на Земјата и не е потребна инвазија на вонземјани. Се смета дека тие се одделиле од линијата на лигни пред околу 135 милиони години.

Молекуларниот генетичар професор Карин Молинг од одделот за молекуларна генетика при Институтот „Макс Планк“ заклучи дека трудот не може да биде сфатен сериозно.

Голем број писатели и научници и порано ги споредувале октоподите со вонземјани поради нивниот необичен изглед и висока интелигенција. Филозофот Питер Годфри-Смит, кој напишал книга за интелигенцијата на октоподите, ги опишал како „суштества што се најблиску до интелигентен вонземјанин“.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука