X
 11.07.2016 Наука

Не го пробувајте ова дома - стимулација на мозокот

39 научници по неврологија од Медицинскиот центар во Бостон и Универзитетот од Пенсилванија забележале дека во последниве години електронската стимулација на мозокот била во пораст во медицинското здружение, што не значи дека луѓето треба да го пробуваат дома.



Научниците предупредуваат дека луѓето можат да си нанесат физички штети, како изгореници, но сепак нагласуваат дека уште има многу да се научи за стимулацијата на мозокот, па затоа чувствуваат етичка приврзаност да расправаат за оваа тема.

„Објавените резултати од овие истражувања можат да предизвикаат луѓето дома да пробаат да го постигнат истиот резултат доколку го имитираат истражувањето“ - велат докторите.

Електричната шок терапија има свои негативни последици, но се' уште се користи како третман на сурови форми на депресија и шизофренија, каде што е подетално контролирана ситуацијата. Во споредба, транскранијалната магнетна стимулација (ТМС) - процедура каде се користат магнетни полиња, како со електромагнетен спроводник, за да ги стимулира нервните клетки во мозокот - е користена од страна на истражувачи во одредени полиња.

Споредено со електро-шокот, ТМС е релативно безопасна, пациентите можат да бидат будни во одредени операции без никакви медикаменти, и последици како губење на меморијата се многу ретки. ТМС се покажа како ефективен лек во третманите за ментални болести, но исто така е користен за да засили можностите за памтење. Луѓето кои пробуваат со стимулирање на мозкот, експериментираат со долготрајни третмани, користејќи транскранијална директна напонска стимулација со месеци и исто така пробуваат фреквенции кои не биле тестирани во лабораторија.

„Знаеме дека стимулацијата од неколку сесии може да биде корисна, но не знаеме сеуште дали овие промени се двонасочни, и ризикот од поголема натрупана доза од преку неколку години е сеуште неиспитана.“ - тврдат научниците.

Па затоа, само бидејќи е прикажано дека работи во лабораторија или на друга личност, не значи дека ќе разботи и на Вас. Ве молиме не пробувајте електронизирање на мозок без присуство на професионалец.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука