Фото: University of Hawai/Youtube
Пред осум месеци шест индивидуалци од НАСА зедоа учество во психолошкиот истражувачки експеримент за „Мисијата V“ што се одржа на Универзитетот во Хаваи. Екипажот успешно ја завршил мисијата, а во текот на нивните осум месеци живеење во уникатни животни услови научниците има можност да ги разберат психолошките ефекти што долгорочните вселенски мисии ги имаат врз астронаутите.
Островот, „Биг Ајленд“, каде што се одвивала стимулацијата, е релативно оддалечен и осамен. Но за вистински да се создаде искуство на изолација, кое би можело да се спореди со долгиот пат на астронаутите - симулацијата била завршена со 20-минутно доцнење во комуникацијата со надворешниот свет, приближен износ на задоцнување меѓу Марс и Земјата. Во центарот на експериментот беше куполата од 111 квадратни метри во која живееле кандидатите.
Две жени и четири мажи биле дел од мисијата, а сите носеле сензори за мерење на расположението со цел да помогнат во следењето на нивното расположение. „Најпредизвикувачкиот дел од мисијата беше токму крајот на мисијата“, вели Брајан Рамос, претставник за здравје и ефикасност кој ги набљудувал кандидатите.
Исцрпувачката мисија служеше како критична цел во прогресивното патување до Марс - мисија која НАСА сака да ја постигне со луѓето до 2030 г. Ќе се очекува експедицијата да трае најмалку 2 до 3 години. Во рамките на тој подолг временски период мал екипаж ќе биде затворен, со ограничена комуникација со Земјата. Разбирањето на тоа како екстремните околности може да влијаат врз менталното здравје на астронаутот е неопходно за да ѝ помогне на вселенската агенција да избере екипаж специјално способен за ваквата задача.
Астронаутите не само што ќе треба да имаат академски вештини, екстремно добра физичка форма, туку и ќе треба да бидат експерти во решавање на задачите - тие дополнително ќе треба да имаат ментално приспособени вештини за предизвикот.