Претходно овој месец палатата Кенсингтон најави дека над 2.000 луѓе ќе бидат поканети на кралската свадба на Хари и Меган Маркл.
Со тоа јавноста можеше да го проследи пристигнувањето на младиот пар и неговото заминување од замокот Виндзор.
100 деца од локалните училишта беа поканети во замокот. Беа поканети уште 200 гости, репрезентативци од клучните хуманитарни акции на Хари заедно со 530 члена на персоналот од кралското домаќинство и уште 600 луѓе од замокот Виндзор.
Фото: Getty Images
За поканата на останатите 1.200 луѓе (членови на јавноста) одлучувале 9 регионални лордови поручници, кои дејствуваат како лични претставници на кралицата во секоја област.
- Ги
контактиравме овие лордови за од нив да побараме да номинираат поединци од нивната заедница за кои сметаат дека заслужуваат да добијат покана. При одлучувањето за тоа кој треба да биде номиниран, од нив беше побарано да размислат за вклучување луѓе од широк спектар на заднини и возрасти, вклучувајќи ги и младите луѓе што покажале силно лидерство и оние што им служеле на своите заедници - објаснија од палатата Кенсингтон.