X
 16.03.2020 Забава

Возењето со најкратката железница во светот трае помалку од една минута

Возењето со воз е прекрасен начин за истражување на одредена земја бидејќи така може да видите места кои не би ги виделе доколку патувате со автомобил. Сепак, многумина се одлучуваат за поинаков вид превоз бидејќи возовите често се бавни. Но, сите патувања со воз не мора да траат со часови. Има едно што трае помалку од една минута.

Според Гинисовата книга на рекорди, најкратката железница во светот се наоѓа во Борнмут, Англија. Изградена е во 1935 година и е долга 39 метри. Железницата ја користат милиони луѓе годишно кои ги посетуваат прекрасните плажи во градот.


Фото: Bournemouth.co.uk

Но, ова не е единствената железница за која се тврди дека е најкратка во светот. Постои железница во Лос Анџелес, Калифорнија, што на својата интернет-страница тврди дека е најкратката железница во светот. Патувањето со железницата поминува растојание од 90 метри, а возењето трае околу една минута.


Фото: Аngelsflight.org

Во Ајова постои друга железница, исто така долга околу 90 метри, која се смета за најкратката железница.

Од друга страна, нема сомневање дека најдолгата железница во светот е Транссибирската железница, која поминува речиси низ цела Русија, од Москва до Владивосток. Таа поминува над 9.200 километри.

Извор: Rd.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава