Сите сопственици на домашни миленици ќе се согласат дека нивниот домашен миленик има свои карактерни особини. Ново истражување може да биде доказ дека тоа е точно бидејќи било покажано дека тигрите имаат индивидуални карактерни особини.
Во истражувањето биле анализирани 248 сибирски тигри, а се покажало дека нивните карактерни особини играат улога во нивното успешно размножување и преживување.
- Откривме дека тигрите се многу индивидуални и дека луѓето што работат со нив и ги познаваат ги препознаваат нивните индивидуални личности - изјавила Росалинд Арден.
Истражувачите заклучиле дека тигрите што се сметаат за поавторитетни се поздрави, ловеле повеќе животни, повеќе јаделе и повеќе се размножувале. Од друга страна, оние тигри што биле оценети како постабилни биле понежни, поискрени и поблиски со другите тигри.
Истражувачите не откриле многу разлики помеѓу половите на тигрите, но било забележано дека татковците учествуваат во растењето на младите тигри.
Извор:
Science alert
Насловна фотографија: Pixabay