Бутан е една од најпознатите еколошки земји во светот, а кралот на оваа мала нација го замоли својот народ да го прослават неговиот роденден на најсовршениот начин.
Неодамна, кралот Џигме Кесар Намѓел Вангчук го прослави 40-тиот роденден. Наместо да бара подароци, тој ги замоли луѓето од Бутан или да засадат дрво или да посвојат животно или да го исчистат соседството во негова чест.
Премиерот Лотај Церинг ја објави срдечната желба за време на серија роденденски прослави и свечености на стадионот „Чанглимитанг“, велејќи дека личната заложба како оваа би била најдобриот подарок за кралот.
Ова не е првпат кралот да го замоли својот
народ да засади дрвја во негово име - во мај 2016 година тој и неговата сопруга го прославија раѓањето на нивниот првороден син така што го замолија секое домаќинство да засади дрво, што резултирало во засадување на повеќе од 108.000 дрвја.
Со оглед на тоа што кралот и кралицата го очекуваат раѓањето на нивното второ дете оваа пролет, нацијата веројатно повторно ќе се радува на сличен зелен ритуал.