Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и Комисијата за хартии од вредност потпишаа Меморандум за соработка со цел поттикнување и афирмација на областите од заеднички интерес и обезбедување достапност на професионална размена на стручност и искуства за професорите и студентите на УКИМ во областа на пазарот на капитал и хартиите од вредност.
Меморандумот го потпишаа ректорот на УКИМ, проф. д-р Никола Jанкуловски, и претседателот на Комисијата за хартии од вредност, м-р Нора Алити, со што поставија основа за долготрајна партнерска соработка за воспоставување стручна неформална едукација за студентите од прв и oд втор циклус на студии во областите на економијата, финансиите, деловното и финансиското право, пазарите на капитал и финансиските инструменти согласно домашните и меѓународните регулативи.
Целта на оваа соработка подразбира меѓусебно помагање и подобрување на квалитетот на образованието во нашата држава, но, пред сè, вклученост на студентите во практичната настава и работење.