Горјан Јовановски – софтверски инженер по струка, еко-активист по срце, кого македонската јавност го знае како ентузијастот што направи радикални позитивни промени во општеството преку апликацијата за мерење на квалитетот на воздухот „Мој воздух“ – сега „AirCare“. Горјан е навистина заслужено еден од хероите што се дел од видеосеријалот „Иднината е светла“ на
„Халкбанк“.
За него, природата значи слобода и вечна инспирација – токму љубовта кон зеленилото го мотивираше Горјан да ја изработи апликацијата што за кратко време стана мерило за квалитетот на воздухот во дури 45 земји во светот.
-За 10 години сакам целиот свет да ја користи AirCare, целиот свет точно да знае каков воздух дише - вели тој.
Погледнете го видеото во кое Горјан зборува за своите надежи за посветла иднина и подобар свет:
Видеосеријалот „Иднината е светла“ е дел од 10-годишнината од постоењето на Халкбанк на македонскиот пазар. Како и досега, Халкбанк продолжува со инвестирање во луѓето, нивниот потенцијал и во нивната светла иднина.
Погледнете ги останатите видеа од видеосеријалот на следниот
линк.
(Комерцијална објава)