Францускиот писател Мишел Уелбек не очекува некој „нов свет“ по пандемијата на коронавирусот, туку „нешто полош“ свет отколку што претходно бил.
- Ни малку не верувам во изјави од типот: „Ништо нема да биде како претходно“. Напротив, сè ќе остане исто - пишува Уелбек во писмото за француските медиуми.
- По изолацијата нема да се разбудиме во некој нов свет, сè ќе биде исто, малку полошо - оценува овој француски писател.
Според него, пандемијата на коронавирусот ќе забрза одредени мутации што се во тек, а особено во намалувањето на контактот меѓу луѓето.
-
Епидемијата на коронавирусот ѝ дава величествена смисла на оваа тешка тенденција: како некоја застареност да ги погодува односите меѓу луѓето - вели Уелбек.
Исто така, Уелбек смета дека би било еднакво погрешно да се каже дека луѓето повторно ја откриле смртта и додава дека смртта никогаш не била толку дискретна колку во последните неколку недели.
- Жртвите се сведени на бројки во дневната статистика на смртни случаи, а анксиозноста се шири меѓу населението додека вкупното зголемување има нешто необично апстрактно - наведува Уелбек.
Писателот додава дека оваа недела важна информација е возраста на болните.
- До кога треба да се реанимира и лекува? 70, 75, 80 години? Во секој случај, никогаш, со толку спокојна бесрамност не сме го изговориле фактот дека секој живот нема иста вредност - смета Уелбек, најпреведуваниот жив француски писател.
Фото: Screenshot/YouTube