X
 26.06.2015 Живот

Карактеристиките на вистински културен човек според Чехов

„Животот има свои услови. За еден човек да биде прифатен меѓу вистински образовани луѓе, тој мора да биде образован“, вели во едно писмо рускиот писател Антон Павлович Чехов кое му го испратил на неговиот помал брат, во кое му напишал и листа на услови што треба да ја исполнуваат културните луѓе.

1. Тие ја почитуваат личноста на човекот и затоа секогаш се љубезни, внимателни, учтиви и подготвени да им овозможат услуги на луѓето.

2. Имаат сочувство кон сите, не само кон питачите и мачките.

3. Се грижат за она што не се гледа и подготвени се да се жртвуваат за да им помогнат на другите.

4. Ја почитуваат сопственоста на другите луѓе и затоа веднаш го враќаат своите долгови.

5. Искрени се и ја презираат лагата. не лажат дури ни кога станува збор за ситници. Лагата ги навредува оние кои ги слушаат и со тоа тие се понижуваат во очите на соговорникот.

6. Не се преправаат, се однесуваат на улица исто како во својот дом - не се прават важни пред своите скромни пријатели.

7. Не се склони кон оптоварување на другите со своите неиспровоцирани признанија. Од почит кон туѓите уши повеќе молчат отколку што зборуваат.

8. Не се понижуваат себеси за да предизвикаат сожалување. Не играат на картата на туѓа чувствителност за да освојат внимание. Не велат: „Мене никој не ме разбира“ и „Никој не се грижи за мене“; затоа што тоа се евтини и вулгарни трикови.

9. Не страдаат од плитка суета. Не им е гајле за лажните вредности, познанства со познатите личности или пак за тоа самите да бидат познати. Ако направиле нешто значајно до тоа не прават најважна работа на светот и не се фалат со тоа дека имаат пристап онаму кадешто другите немаат.

10. Навистина талентираните луѓе секогаш бегаат од толпата и рекламирање.

11. Имаат развиено чувство за убавина и естетика. Не одат да спијат со облека, ја одржуваат чистотата на животниот простор. Се грижат да ги контролираат своите нагони и на спротивниот пол не гледаат само како на сексуален предмет.

12. Тежнеат кон оригиналност, елеганција, хуманост и се восхитуваат на мајчинските чувства. Не се пијанат. Се држат до принципот - во здраво тело, здрав дух.

Така изгледаат културните луѓе. За еден човек да е културен не е доволно само да чита романи и да посетува театар. Тој постојано мора да работи на себеси, да чита, да учи и да се труди... и веднаш да ја исфрли суетата“, пишува Чехов.
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот