Стотина компании ги преселија бизнисите од Велика Британија во Холандија или таму отворија канцеларии за да останат во ЕУ по планираниот Брегзит.
За слични потези размислуваат уште 325 компании, кои се загрижени за губењето на пристапот до пазарот на ЕУ откако Британија ќе ја напушти ЕУ, истакнуваат од холандската агенција за странски инвестиции.
- Континуираната растечка неизвесност во Велика Британија и сè поизразената можност за Брегзит без договор на компаниите им создаваат големи економски главоболки - истакна Јероен Нијланд, советник во Холандската агенција за странски инвестиции (НФИА).
Поради тоа, според него, сè повеќе компании се свртуваат кон Холандија како можната нова база на европскиот пазар.
Станува збор за компании во сегментот на финансии, информатички технологии, медиуми, реклами, бионаука и здравство, се додава во
соопштението.
Германија, Франција, Белгија и Ирска се главни конкуренти на Холандија во привлекувањето на компаниите што ги селат бизнисите поради Брегзит.