Една инженерска фирма добила 15.000 апликации за само 10 работни места во Велика Британија. Компанијата „Лонтра“ отвора нова линија за склопување индустриски машини од делови произведени низ Велика Британија. Новата линија ќе биде отворена во Бирмингем подоцна годинава.
Работните позиции во
компанијата се привлечни за многумина, но Стив Смит-Хаус од агенцијата за вработување „Глу ресурсинг“ вели дека она што се случило со последните огласи на компанијата е невидено.
Фото: Pixabay
Веста за „Лонтра“ доаѓа откако еден паб во Лондон добил 500 апликации за две работни места.
Бројот на вработени лица во Велика Британија паднал за 649.000 од март до јуни, а бројот на официјално невработени лица пораснал за 34.000 во април и сега изнесува 1,3 милион.
Извор:
inews.co.uk