X
 09.11.2023 Технологија

Вештачката интелигенција му помогнала да го повикаат на 20 интервјуа за работа

Аплицирањето за работа може да фрустрира, а работодавците често добиваат многу апликации во текот на процесот на вработување. Очигледно, вештачката интелигенција може да помогне да се олесни процесот, барем за кандидатите.

Софтверскиот инженер Џулијан Џозеф користел алатка за вештачка интелигенција наречена „Лејзи аплај“ (Lazy apply) за да испрати дури 5.000 апликации за вработување со само еден клик. Тој бил повикан на околу 20 интервјуа за вработување на овој начин.

- Фактот што оваа алатка постои покажува дека нешто не функционира во процесот. Сметам дека тоа е враќање на дел од моќта што им беше отстапена на компаниите низ годините - вели Џулијан.

Овој пристап може да има и негативни страни, доколку кандидатите за работа и работодавците користат вакви алатки во вработувањето. Ваквата практика може да доведе до зголемен број апликации со лош квалитет и неправедна селекција на кандидатите.

Извор: Futurism
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија