X
 13.08.2018 Живот

Најмладиот член на МЕНСА: тригодишно девојче со повисок IQ од Ајнштајн



Офелија Морган-Дев е прогласена за најпаметно дете во Велика Британија. Нејзиниот коефициент на интелигенција изнесува 171, додека генијот Алберт Ајнштајн имал 160.

Малата Офелија го изговорила првиот збор на 8-месечна возраст, а набрзо ги совладала и бројките, боите и абецедата.

Нејзината мајка Натали сфатила дека има паметно дете, а експертите потврдиле дека девојчето е натпросечно.


Офелија Морган Деф во костим на Капетан Америка
(Фото: Facebook)


Офелија се сеќава на настани што се случиле кога имала помалку од една година, што не е типично затоа што луѓето обично не се сеќаваат пред третата година.

„Таа сака со мене и со татко ѝ да чита книги, да си игра со бројки и букви на компјутер. Многу е активна, секогаш е во движење и многу е жива. Сака и да си игра со врсниците во паркот. Таа е прекрасно девојче, сè што сакам е да биде здрава и среќна“, изјави нејзината мајка за „Дејли мејл“.

Поради високиот коефициент на интелигенција, тригодишното девојче стана најмладиот член на здружението МЕНСА.

„Многу луѓе, вклучително и јас, се срамат да ги слават интелектуалните достигнувања на своите деца. Јас сфатив дека не постои разлика меѓу родителите што ги прославуваат спортските медали на своите деца, па и Офелија заслужува да биде пофалена затоа што е исклучително паметна“, додаде Натали.

Офелија се наоѓа на врвот од 0,03 проценти од популацијата земајќи ги предвид нејзините интелектуални способности. Таа оствари подобар резултат од единаесетгодишната Арнава Шарма и дванаесетгодишниот Раул Доши, кои досега ја поседуваа титулата најпаметни деца во Велика Британија, со измерен коефициент на интелигенција од 162.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот