X
 21.07.2020 Образование

Разговори за театар, идеја на актерката Слаѓана Вујошевиќ, од утре на „Јутјуб“

Актерката Слаѓана Вујошевиќ обедини театарски режисери, актери и професори кои ги споделуваат своите доживувања, размислувања и ставови за театарот во време на пандемија.

Од утре, 22 јули, во 19:30 часот на јутјуб-каналот „Разговори за театарот во време на пандемија“ секој ден ќе бидат прикажувани снимени разговори со повеќе театарски уметници и од државната и од независната сцена, како и театарски едукатори од речиси сите факултети за драмски уметности во земјава.

Слаѓана Вујошевиќ

- Благодарение на моите колеги, овој серијал разговори прерасна во видеоархива која е белег на чувствата и дејствувањeтo на театарскиот уметник, професор и теоретичар во ова време-невреме! Се надевам дека нивните размисли ќе алармираат, но и ќе мотивираат, ќе предупредуваат и ќе инспирираат и на тој начин ќе бидат придонес за иднината на театарот - вели Вујошевиќ, која е актерка во Турскиот театар, како и демонстратор по сценски говор и техника на глас на ФДУ.

Во техничката реализација на проектот на Вујошевиќ ѝ помогна актерот Никола Настоски, доцент на ФДУ.

Актерката Слаѓана Вујошевиќ го позајмува гласот на детскиот анимиран лик Биби.
Подготвил: С.Ѓ.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование