X
 15.02.2022 Живот

Како да се бричите, како да врзете вратоврска: татко дели совети на „Јутјуб“ за оние што растат без татко

Таткото на Роб Кени го напуштил семејството кога Роб имал само 12 години. Растењето без татко не било едноставно. Роб денес е татко на две деца, а на почетокот на пандемијата се сетил на идеја која се покажала како генијална.

Тој започнал канал на „Јутјуб“ во кој дели совети за секојдневните практични работи за кои повеќето деца, тинејџери и млади ги прашуваат своите татковци. Меѓу другото, тој покажува како се врзува вратоврска и како се проверува масло во автомобилот.


Како што објаснува тој во интервју, на каналот се дискутира и за финансиите и други корисни теми што треба да им го олеснат животот на оние што растат без татко.


Неговиот канал сега го следат над 3 милиони луѓе, а во меѓувреме објавил и книга со совети за млади.

Извор: Klix
Фото: YouTube (printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот