X
 23.10.2018 Технологија

„Јутјуб“ воведе нова опција што ќе ви биде од голема корист

Компанијата „Јутјуб“ претстави одлична опција што ќе биде посебно корисна за инфлуенсерите и влогерите кои сакаат да го зголемат својот број на следбеници.

Отсега, на вградените (embed) плеерите на интернет страницата ќе се појавува опцијата „subscribe“, што ќе им олесне на луѓето да следат одредени канали. Така, кога ќе наидете на некое видео вградено на веб-страница, во горниот лев агол ќе има икона со информација за канлот и можност да започнете да го следите.

Поточно, сега ќе имате краток преглед на каналот што ја објавил снимката, бројот на следбеници, како и копче за следење. Ќе можете да кликнете на фотографијата на каналот за да ја отворите страницата во ново видео.

Оваа нова опција постепено ќе се појавува во вградените видеа во наредните две недели. Иако станува збор за мали промени, всушност на многу влогери и инфлуенсери ќе им овозможи да ја шират мрежата на следбеници.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија