X
 21.07.2021 Живот

Во Србија апсен на протести, во Франција студент на генерација

Одличен студент, стипендист на француската влада, ученик на генерацијата и првенец во математичка гимназија, освојувач на многубројни награди на натпревари по математика, Богдан Раониќ го исполнил својот сон и дипломирал на престижната Политехничка школа во Париз.

Богдан на социјалните мрежи ја објави дипломата со која е прогласен за студент на генерацијата на насоката математика и физика и истакна дека не може да опише колку е среќен.

Богдан во Србија бил уапсен бидејќи се нашол на погрешно место, а неговата возраст одговарала на профилот на демонстрантите кои ги бркала полицијата, изјавила тогаш мајка му Наташа.

Сега таа вели дека е пресреќна за успехот на синот и додава дека и по една година од апсењето, сè уште не го знаат епилогот од таа стресна ситуација.

- Не добивме никаков документ, како ништо да не се случило - вели таа.

Апсењето на младиот студент, стипендист на француската влада, минатата година одекнало во сите српски медиуми, но неговите родители и ден-денес не знаат дали тоа е завршена приказна.

- Ние никогаш не добивме официјален документ по пуштањето на Богдан од притвор. Беше пуштен без документ, без ништо, како тие две ноќи воопшто да не се случиле. Не знаеме каков бил епилогот. Другите младинци што беа уапсени со него неодамна добија покана да дадат изјави, но ништо нема пристигнато за Богдан. Јас само се надевам дека тоа е завршена приказна - истакна неговата мајка, на која сега на прво место ѝ е радоста на Богдан поради постигнатите резултати и неговото понатамошно усовршување.



Таа истакна дека Богдан добил целосна стипендија за магистерски студии по применета математика на ЕТХ Универзитетот во Цирих, каде што воедно ќе работи со угледни предавачи и професори.

- Сè што досега постигна, Богдан го постигна сам. Тој ги следеше своите соништа, а ние одевме по него и го поддржувавме на тој пат - вели гордата мајка.

Информациите за понудената стипендија на швајцарскиот универзитет неодамна ги објави и Богдан со коментар дека му е чест да биде дел од школата во која оделе великани како Ајнштајн, Фон Нојман и Блох.

Во интервјуа во кои зборуваше за апсењето, Богдан изјави дека е „горко кога сопствената држава ќе те издаде“, но како млада, образована и самосвесна личност, објасни дека неговата љубов кон татковината и понатаму е непроменета и дека не може да се смени со ниедно апсење.

Богдан сака кога ќе стекне доволно знаење и искуство во странство, да се врати дома.



Извор и фотографии: Buka
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот