Додека некои земји им дозволуваат на своите граѓани да уживаат во неколкунеделен одмор, има и такви каде што работата е на прво место. Така, Луксембург е земја во која работниците имаат право на 36 дена годишен одмор, додека Кина на работниците им дава само 5 дена годишен одмор.
Имено, кинескиот закон за работни односи предвидува сите со работно искуство помало од 10 години да имаат право на само 5 работни дена годишен одмор. Бројот на денови за годишен одмор се зголемува пропорционално со должината на кариерата, така што оние што работат повеќе од 10, а помалку од 20 години имаат 10 дена годишен одмор, а оние што работат подолго од 20 години имаат годишен одмор во траење од 15 работни дена.
Секако, ова не се единствените денови во годината кога Кинезите не работат. Во Кина работната недела трае шест дена, а освен слободни денови во неделата, граѓаните се слободни и за време на државните празници, кои ги има вкупно 11.
Целосна спротивност на Кина е една од најмалите земји во светот - Луксембург. Во оваа земја сите постари од 55 години, без оглед на стажот, имаат право на 36 работни дена годишен одмор. За граѓаните што имаат над 50 години, а помалку од 54 години, годишниот одмор трае два дена пократко - 34 дена. Оние што немаат над 50 години, имаат одмор од 32 работни дена. Покрај тоа, Луксембург има 11 државни празници, па вработените и тогаш имаат слободни денови.
Фото: Freepik
Во повеќето земји одморот е 20 работни дена
Македонија и другите земји од регионот се наоѓаат на златната средина меѓу Кина и Луксембург по бројот на денови за годишен одмор, односно 20 работни дена. Иста е ситуацијата во Србија, Албанија, Босна и Херцеговина, Словенија, Црна Гора, Хрватска, Бугарија, Кипар, Чешка, Германија, Грција, Унгарија, Ирак, Шпанија, Романија, Русија и Швајцарија.
Оние што живеат во Шпанија имаат малку повеќе среќа, па одмараат 22 работни дена. Оние во Финска, Франција, Австрија и Шведска одмараат три дена подолго.
Во Јапонија одмораат само 10 работни дена
Кога станува збор за земјите во кои работниците имаат право на кратки одмори, на врвот на листата е земјата со највредната нација во светот - Јапонија.
Во оваа земја оние што тукушто почнуваат со работа имаат право на 10 дена годишен одмор. Со секоја наредна година стаж должината на одморот се зголемува за еден ден, додека не достигне крајна граница од 20 дена.
И во Турција има мал годишен одмор, каде што според истиот принцип се зголемува бројот на слободни денови. Оние што работеле помалку од 5 години имаат право на одмор од 14 работни дена, 20 работни дена за оние што имаат 15 години стаж, а 26 дена за оние со стаж над 15 години.
Без слободни денови за време на државни празници
Бидејќи деновите од годишниот одмор не се единствените кога вработените одмараат, и националните празници овозможуваат одмор од работата. Но, постојат земји како Јамајка и Ирак, кои имаат државни празници во работниот календар, но тоа не се неработни денови.
Затоа, граѓаните на Ирак, покрај слободните денови во текот на неделата, имаат право на уште 20 дена годишен одмор, додека граѓаните на Јамајка имаат само 10 работни дена годишно.
Извор:
6yka.com
Фото: Freepik