Еден од главните постулати на корпоративната култура на компанијата Лакталис МК е грижата за вработените, а нивното здравје и безбедност – главен приоритет. Согласно тоа, од средината на оваа година Лакталис МК во соработка со Еуролинк осигурување ги осигура сите свои вработени со дополнително приватно здравствено осигурување.
- Здравјето и сигурноста на вработените се императив на нашата компанија. Настојуваме континуирано да ги подобруваме условите за работа на вработените, а полесниот пристап до квалитетни здравствени услуги е од особено значење за нас бидејќи здравјето на вработените е на прво место - изјави генералниот директор на Лакталис МК, Ванчо Постоловски.
Преку приватното здравствено осигурување компанијата ќе им овозможи на вработените полесен пристап до медицинските услуги кои вклучуваат здравствени прегледи, но го покриваат и болничкото лекување во случај на хоспитализација во сите приватни и државни болници на територијата на нашата држава, надомест на трошоците за амбулантно лекување, покривање на трошоци за бременост и породување, специјалистички прегледи и дијагностички постапки во приватните здравствени установи, домашна нега, физикална терапија, психолошка и психијатриска помош и лекување, надомест на трошоците за лекови препишани од лекар надвор од болничките третмани, како и надомест на трошоците за стоматолошки услуги или интервенции.
Овозможувањето на овие погодности е дел од напорите на Лакталис МК, како дел од најголемата млечна индустрија во светот, преку позитивна корпоративна практика да придонесе за подобрување на добросостојбата и задоволството на своите вработени.
(Комерцијална објава)