Резултатите од најновите истражувања покажуваат дека неосигураните патници можат да платат 12 пати повеќе во болница отколку во хотел со пет ѕвезди.
Студијата имаше за цел да истражи колку неосигурените патници плаќаат за кревет во болница во споредба со просечната цена на хотелот.
Така, во луксузен хотел во Луксембург едно ноќевање чини 227 долари, а во болница дури 12 пати повеќе, поточно 2.645 долари за ден.
Истражувањето беше спроведено од страна на страницата „Фајндер“, чии податоци велат дека најскапиот престој е во болница во Монако, каде за само еден ден се плаќа 5.024 долари.
Тоа е речиси седум пати повеќе од цената на хотел со пет ѕвездички, каде едно ноќевање чини 748 долари. Во Мадрид, ден во болница изнесува 654 долари, во Франција е 832 и во САД е 937 долари.
Еве каде здравствената нега е најскапа:
1. Монако 5.024 долари;
2. Луксембург 2.645 долари;
3. Норвешка 1.958 долари;
4. Катар 1.908 долари;
5. Швајцарија 1.287 долари;
6. Сан Марино 1.233 долари;
7. Данска 1.178 долари;
8. Ирска 1.172 долари;
9. Обединети Арапски Емирати 1.060 долари;
10. Холандија 1.036
долари.