САД го имаат најскапото здравствено осигурување во светот. Разликата во цената е многу голема во споредба со другите држави. Просечно, трошоците за здравствено осигурување во САД изнесувале 12.318 долари по лице во 2021 година.
Германија се наоѓа на второто место на листата со држави со најскапо здравство. Таму, здравственото осигурување чини во просек 7.383 долари годишно по лице. Здравственото осигурување е скапо и во Холандија и во скандинавските земји, а малку попристапно е во Франција, Канада, Обединетото Кралство, Австралија и во Јапонија.
Државите во Источна Европа плаќаат најмалку за здравствено осигурување, покажуваат податоци објавени од Светскиот образовен форум.
Просечни трошоци за здравствено осигурување по лице во 2021
САД - 12.318 долари
Германија - 7.383 долари
Шведска - 6.262 долари
Канада - 5.905 долари
Обединето Кралство - 5.387 долари
Италија - 4.038 долари
Јужна Кореја - 3.914 долари
Полска - 2.568 долари
Извор:
World economic forum
Насловна фотографија: Pixabay