X
 21.08.2018 Живот

Кој тим има најголеми шанси да ја освои Лигата на шампионите сезона 2018/19?

Наскоро започнува новата сезона од најпопуларното спортско натпреварување во светот, Европската лига на шампиони во фудбал, како и Лига Европа, второто по ранг и важност натпреварување. Во нив учествуваат најдобрите европски клубови, најбогатите, тимовите со најдобрите светски фудбалери, најорганизираните и најмотивираните клубови најмногу од елитните лиги во Англија, Германија, Шпанија, Франција и Италија, но и сите други кои се борат за престиж. Европската лига на шампиони  е планетарно натпреварување кое од година во година има се поголем број на гледачи, кое нуди фудбалски доживувања кои се прераскажуваат, незаборавни искуства за љубителите на фудбалот од целиот свет. Деновиве завршува третото квалификациско коло, за влез во групните фази, така што наскоро ќе се знае кој со кого ќе се натпреварува.
 Желбите и очекувањата се различни за милионските следбеници на најдобрите фудбалски клубови! Сите со своите уверувања за тоа кој е најдобар, кој има најискусен тим, кој најмногу заслужува да го освои ова престижно натпреварување. Фудбалската магија ја почувствувавме и ние во Македонија кога лани во Скопје се случи фудбалскиот спектакл Супер Куп 2017.

Какви се предвидувањата?
Реал Мадрид ги сруши сите традиции, и трипати по ред ја освои Лигата на Шампиони. Јувентус оваа сезона се засили со можеби моментално најзвучното фудбалско име на планетата Португалецот Кристијано Роналдо. Меѓу главните фаворити се секогаш Барселона, баварскиот Баерн од Минхен, а тука е и францускиот клуб Париз Сент Жермен на катарските  шеици и милијардери, кои секогаш имаат врвни очекувања. Но дали некој друг клуб може да изненади? Секогаш е можно! Дали Манчестер Сити може да покаже подолгорочна стабилност и на европско натпреварување. Сезоната во Англија ја започна одлично, и тоа ветува многу. Тешко е да се прогнозира!

32 европски клуба во осум групи ќе се натпреваруваат за следна фаза. Вар технологијата е воведена, а од оваа година ќе се игра и со нова фудбалска топка. Оваа сезона, од балканските земји, најблиску до пласман во елитните групи се Црвена Звезда (прват по 1992 година) од Белград и Паок од Солун, кои во третото квалификациско коло ќе се борат за понатамошен пласман. Звезда против австрискиот Салцбург,  додека солунски Паок против португалска Бенфика. За македонските љубители на фудбалот сите натпревари од UEFA Лигата на шампиони од сезоната 2018 / 2019 достапни се преку дигиталната телевизија MaxTV.
Директни учесници се 26 екипи, а останатите ќе се добијат преку квалификации кои ќе завршат 28, 29 август. Групната фаза стартува на 18 и 19 септември, а финалето ќе се игра на 1 јуни 2019 година во Мадрид, Шпанија.

Кои клубови се сигурни учесници:
Шпанија: Real Madrid, Atlético Madrid, Barcelona, Valencia
Англија: Manchester City, Manchester United, Tottenham Hotspur, Liverpool
Германија: Bayern München, Borussia Dortmund, Schalke, Hoffenheim
Италија: Juventus, Napoli, Roma, Internazionale Milano
Францја: Paris Saint-Germain, Lyon, Monaco
Русија: Lokomotiv Moskva, CSKA Moskva
Португалија: Porto
Украина: Shakhtar Donetsk
Турција: Galatasaray
Белгија: Club Brugge
Чешка: Viktoria Plzeň

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот