X
 13.06.2017 Живот

Стартуваше аплицирањето за купување билети за натпреварот од Суперкупот 2017

УЕФА денеска и официјално преку својата интернет страница го стартуваше аплицирањето за купување билети за натпреварот од Суперкупот 2017 меѓу Реал Мадрид и Манчестер јунајтед, кој на 8. август од 20:45 часот се игра на националната арена „Филип Втори“ во Скопје.

 

Европската куќа на фудбалот ги објави и цените на билетите кои се движат од 15 до 50 евра, врз основа на позицијата на нашиот најголем стадион. Централните позиции на арената, на Југ и Север, се по цена од 50 евра, страничните на Јужната и Северната трибина се по цена од 30 евра, а Исток и Запад ќе бидат по цена од 15 евра.

Аплицирањето за билети за Суперкупот може да го реализирате на следниот ЛИНК.

Денеска од 18 часот, УЕФА заедно со претставници на Реал Мадрид и Манчестер јунајтед, директно од националната арена ќе ја најават организацијата на еден од најголемите европски клупски настани оваа година на кој домаќин е Македонија.

Извор: екипа.мк

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот