Наредната година Франција ќе воведе национална универзална служба за сите млади момчиња и девојки на 16-годишна возраст. Идејата е на претседателот Емануел Макрон, кој смета дека во француското општество недостига братство и единство.
Во текот на четирите недели на воено и граѓанско воспитание, преку универзална служба во која тинејџерите ќе волонтираат во болниците и во организациите за да им укажат помош на другите, би требало да се постигне и подобра интеграција за децата имигранти.
Францускиот претседател проценил дека недостига национална кохезија, па наредната година воведува национална универзална служба за сите 16-годишни момчиња и девојчиња.
Фото: Pixsell
Четирите недели универзална служба Макрон планира да се одвиваат во два дела. Првите две недели ќе се одржат во текот на летото, а другите две ќе бидат во пресрет на почетокот на новата учебна година. Бидејќи станува збор за воено и граѓанско воспитание, две недели тинејџерите ќе служат во болници или во институции за давање помош на другите и во волонтерски организации.
Макрон смета дека ваквата
служба би овозможила и децата имигранти подобро да се интегрираат во општеството. Оваа идеја за национална служба нема голема сличност со идејата на Макрон за време на изборната кампања - за воведување кратка задолжителна воена служба за сите млади Французи.
Започнувајќи од летото 2019 година, идејата за „национално рандеву“ би требало да биде реализирана, но многу прашања остануваат отворени. Прво, сѐ уште не се знае каде би се одржал првиот двонеделен циклус во текот на летото. Второ, сомнителна е исплатливоста на финансиските инвестиции во вакво нешто бидејќи се проценува дека треба да се инвестираат 1,7 милијарда евра за уредување простории за престој на младите, како и дополнителни 1,5 милијарда евра за грижа на младите.