Според многу планинари, планината Прењ е најдобрата и најубава планина во Босна и Херцеговина, позната како исклучително атрактивна дестинација за љубителите на активен одмор и природа.
Прењ зафаќа приближно 600 квадратни километри и се наоѓа во централниот дел на Динарскиот систем. Има 11 врва, високи над 2.000 метри, а највисок врв е Зелена Глава со надморска височина од 2.115 метри. Тука се наоѓа и природниот резерват Јабланичка Бијела.
Овој природен резерват е еден од најчистите во регионот, па дури и во Европа.
Опкружен со масивните Прењ и Драганска Планина, овој природен резерват, каде што царува природата, ги воодушевува сите посетители со својата убавина. Особено атрактивни се многубројните извори на вода за пиење и уникатната листопадна шума што го опкружува овој простор. Овде можете да пиете вода од кој било извор.
Може да пливате, да нуркате или да се искачувате по карпите.
Бојата на самата река е неверојатна, понекогаш е тиркизна, понекогаш сино-зелена, а сепак целосно проѕирна, во зависност од положбата во овој длабок кањон, како и од вегетацијата што ја опкружува.