Музеј на марихуаната денеска ќе биде отворен во Градот на гревот - Лас Вегас.
Во него ќе бидат изложени експонати, како што се стаклен „бонг“ повисок од жирафа и вештачки пупки од марихуана.
Посетителите ќе може да научат нешто повеќе за канабисот и да се сликаат за „Фејсбук“.
Но, никому нема да му биде дозволено да запали џоинт оти во Невада е забранета употреба на опојни дроги на јавно место.
Основачот на музејот, Џеј Џеј Вокер, изјави дека целта е да се дестигматизира употребата на марихуана.
Музејот ќе ги прими првите посетители по речиси 15 месеци откако возрасните лица во Невада добија право да купуваат марихуана за рекреативни цели и приватно, а продажбата досега ги надмина сите очекувања.
Извор: МИА