Една од уникатните работи што може да ги направите во американскиот град Лас Вегас е брзата венчавка. Бракот склопен таму е валиден секаде без разлика дали станува збор за раскошна венчавка или пијано потпишување. Меѓутоа, не многу одамна Лас Вегас бил место каде луѓето доаѓале по брз развод.
Кога во 1930-те години САД паднал во голема економска криза позната како Големата депресија, властите на сојузната држава Невада донеле мерки кои требале да го забрзаат економското заздравување. Овие мерки ќе го претворат обичниот град во Лас Вегас кој го знаеме денес.
За да ги намамат работниците кои тогаш работеле на Хуверовата брана и да ги поттикнат да трошат пари во градот, властите ги легализирале казината. Така градот се претворил во центар на казината.
Фото: Pixabay
Властите донеле и мерка за олеснување на процесот за развод. Додека во другите сојузни држави паровите морале да чекаат една година за да се разведат, во Лас Вегас рокот бил скратен на 6 недели по предавањето на документите. Во тој период, парот морал да престојува во Невада.
Освен тоа, додека во останатиот дел од САД разводот можел да се побара само доколку едниот партнер извршил прељуба или си заминал, во Лас Вегас се прифаќале повеќе причини. Меѓу овие причини било и едноставното „психичко мачење“.
Во државата биле отворени таканаречени „ранчеви за развод“ на кои паровите можеле да одмораат додека го чекаат разводот. На овие места имало езера за пливање, коњи за јавање, ресторани итн.
Градот Рено станал престолнина за разводи, а меѓу славните гости кои искористиле ваква услуга била и Елизабет Тејлор. Туризмот за брачни разводи цветал. За помалку од 4 децении во државата биле направени 325.000 разводи.
Во 1970-те во САД биле одобрени разводите без особена причина, односно дозволено било да се разведете без да наведете причина за тоа. Тоа значело крајот на ерата на разводи во Невада, па Лас Вегас започнал да се фокусира на туристите кои се љубители на казината.
Извор:
Dnevnik
Фото: Pixabay