Во САД луѓето што живеат со нелекувана ментална болест имаат 16 пати поголема веројатност да бидат убиени при средба со полицијата отколку остатокот од населението. Дури 1 од 4 смртни случаи при полициски интеракции е поврзан со лице со сериозно ментално заболување.
Што би се случило доколку здравствените работници одговорат на случаи поврзани со ментално здравје, злоупотреба на супстанции или бездомник? Во Денвер, Колорадо, најден е одговорот поради кој имало драматичен пад на инцидентите, што инаку може да резултира со апсење.
Шефот на полицијата во градот, Пол Пазен, изјави дека верува дека програмата на тимот за поддршка (СТАР) спасила животи.
Чекор во правилната насока
Проблемот со фаталните полициски пукања стана доста видлив во САД во последните неколку години. Во 2020 година имало дури 1.004 вакви инциденти.
Во јануари 2021 година 58 лица го загубиле животот при пукања од страна на полицијата. Седум од тие жртви биле Афроамериканци. Според веб-страницата „Статиста“, стапката на фатални полициски пукања меѓу црните Американци е зголемена во споредба со која било друга етничка припадност, со 34 смртоносни пукања на милион жители од јануари 2021 година.
Фото: Statista
Американската асоцијација за психијатрија вели дека инциденцата на ментални заболувања кај црнците и африканските Американци е е во голема мера слична на општата популација во САД. Но, кога станува збор за пристап до третман, работите се поинакви - Националниот сојуз на САД за ментална болест известува дека само 1 од 3 возрасни црнци во САД ја добива потребна грижа за менталното здравје.
Програмата што ги заменува полициските службеници со здравствени работници при повици за ментално здравје и злоупотреба на супстанции во Денвер, Колорадо, покажува знаци на успех, се вели во шестмесечниот извештај за напредокот на програмата. И покрај тоа што одговориле на стотици повици, работниците не апселе, се вели во извештајот - а шефот на градската полиција верува дека програмата спасува животи.
Во првите шест месеци, од јуни до ноември 2020 година, тимот на СТАР одговорил на 748 повици, кои дошле преку полицискиот број 911 во Денвер и телефонските линии што не биле за итни случаи. Инцидентите се движеле од обични прекршоци до проблеми со дрога и кризи во менталното здравје - и сите биле надминати без да се вклучи полицијата.
- Тоа се 748 пати помалку повици до полицискиот оддел, што значи дека полицајците се ослободени да го прават она што навистина треба да го прават, а тоа е решавање проблеми со насилства, криминал и безбедност во сообраќајот - изјави градоначалникот.
Пазен потсети на еден случај во кој едно лице се жалело на повреда на стапалата. Под типични околности, би била испратена брза помош, полиција или можеби пожарна. Но, наместо тоа, отишле медицински работници кои биле опремени со храна, вода и средства за хигиена за да се справат со ситуацијата.
- Му беа потребни чевли, така што СТАР-тимот му однесе нови чевли на човекот. Типичната постапка би била да се однесе човекот на болница. Замислете какви би биле трошоците. Замислете колку би чинело сето тоа само за лекарот да му каже на човекот дека му се потребни нови чевли - изјави Пазен.
Третман, а не казна
Програмата на Денвер го покажа проблемот што бара ефективен третман на лица со тешка ментална болест.
Во извештајот од 2015 година Центарот за поддршка на третмани ги повика креаторите на политиките да обезбедат лицата со сериозни ментални болести да добијат третман пред нивното однесување да доведе до вклучување на полицијата. Исто така, организацијата ја истакна потребата за поцелосна статистика за фаталните средби со полицијата.
- Постојат многу докази дека лицата со ментални болести сочинуваат непропорционален број на убиени при првиот чекор од процесот на кривична правда: додека полицаецот му приоѓал или го застанал.
Фото: Unsplash