„Нетфликс“ сподели трејлер за документарна серија за Дејвид Бекам, која го следи неговиот пат од припадник на работничката класа до светска фудбалска ѕвезда.
Во двеминутниот трејлер за серијата, која ќе пристигне на 4 октомври, мајката на Дејвид, Сандра (74), зборува за почетокот на неговата романса со Викторија. Сандра признава дека била загрижена дека фудбалерот ќе ја остави кариерата поради Викторија, која беше дел од најголемата британска музичка група „Спајс грлс“.
- Бевме загрижени дека ќе изгуби сѐ за што работеше бидејќи фудбалот секогаш беше на прво место, а потоа одеднаш не е - вели таа во видеото.
Подоцна, Бекам и Викторија станаа бренд и добиваа профитабилни договори со дизајнери на облека, експерти за здравје и фитнес, модни списанија и производители на парфеми и козметика. Трејлерот, исто така, покажува како Бекамови признаваат дека се мачеле кога нивната романса станала јавна.
Извор:
Klix
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)