X
 31.08.2023 Култура

Нова серија на „Нетфликс“ ги открива тајните на долговечните луѓе

Постојано се обидуваме да одбегнуваме штетни навики кои може да ни го скратат животот. Нов документарен филм на „Нетфликс“ создаден од Ден Бутнер истражува што може да ни помогне да доживееме длабока старост.

Бутнер поминал 20 години истражувајќи заедници низ светот во кои живеат најмногу долговечни луѓе. Меѓу другото, тој посетил луѓе во Јапонија, Италија, Костарика, Грција и САД, кои се прикажани во документарниот филм поделен во четири дела.

Документарната серија „Живот до 100: тајните на сините зони“ (Live to 100: secrets of the blue zones) се прикажува на „Нетфликс“ од 30 август.


Извор: Indy100
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура