X
 21.09.2024 Технологија

Алгоритмите за машинско учење детектираат лаги малку подобро од луѓето

Алгоритмите за машинско учење значително го надминуваат човечкото расудување во откривањето на изговорените лаги, според новото истражување на Калифорнискиот универзитет во Сан Диего.

Работата на истражувачите била фоксуирана на способноста на учесниците да детектираат лаги во популарната британска ТВ-емисија „Златни топки“, емитувана помеѓу 2007 и 2010 година. Истражувањата покажале дека луѓето имаат проблем да го предвидат однесувањето на конкурентите, додека алгоритмите го прават тоа многу подобро.

Ако некој е посреќен, тој ја кажува вистината, а има и голем број други визуелни, вербални и вокални знаци кои луѓето ги споделуваат кога се искрени. Алгоритмите ги читаат овие знаци подобро од луѓето што учествувале во студијата.

- Откривме дека постојат одредени знаци кога личноста лаже. Постојат голем број визуелни, вербални и вокални знаци кои луѓето ги споделуваат кога се искрени и ја кажуваат вистината. А алгоритмите се подобри од луѓето во откривањето на овие корелации - велат истражувачите.

И навистина, алгоритмите користени во истражувањето точно го предвиделе однесувањето на конкурентот во 74 отсто од случаите. Истовремено, повеќе од 600 луѓе, учесници во студијата, постигнале стапка на точност од 51 до 53 отсто.

Покрај споредбата на машинското учење и човечките способности за откривање измами, студијата тестирала и како може да се користат алгоритмите за да им помогнат на луѓето да ја разликуваат вистината од лагата. Се покажало дека луѓето повеќе веруваат во увидите од машинското учење.

- Времето е од суштинско значење кога станува збор за усвојување алгоритамски совети. Нашите наоди покажуваат дека луѓето повеќе ќе се потпираат на алгоритамските сознанија кога ќе бидат претставени рано во процесот на донесување одлуки - предупредиле истражувачите.

Извор: bug.hr

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија