X
 21.10.2022 Живот

Просечната нето-плата во август речиси 32.000 денари

Просечната исплатена нето-плата по вработен во август годинава изнесувала 31.871 денар и е за 11,3 отсто повисока од истиот месец лани, соопшти Државниот завод за статистика.

Зголемувањето се должи, пред сѐ, на порастот на просечната плата во секторите: преработувачка индустрија (16,2 %), објекти за сместување и сервисни дејности со храна (16,1 %) и уметност, забава и рекреација (15,6 %).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, пак, во споредба со претходниот месец, е забележано во секторите: снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (4,1 %), снабдување со вода; отстранување отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината (3,8 %) и рударство и вадење на камен (3,1%).

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот