X
 21.10.2022 Живот

Во Италија ќе се учи македонски јазик

Македонскиот јазик ќе се изучува во италијанските училишта каде што е најприсутна нашата дијаспора во рамките на пилот-проект, најави вчера италијанскиот амбасадор во земјава, Андреа Силвестри.

Силвестри вчера со министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска потпиша Програма за соработка на полето на културата, образованието и науката меѓу Македонија и Италија, во која се содржани поинтензивна соработка меѓу сродни институции, размена на уметници, научници и млади луѓе, како и широк спектар на активности кои уште повеќе ќе ги доближат двете земји. Програмата, како што истакна министерката, има важност до 2025 година.

- Програмата нуди посебни поволности за младите на полето на науката, образованието и културата, стипендии, размени, заеднички можности - потенцира Костадиновска-Стојчевска.

Фото: Министерство за култура

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот