X
 25.01.2023 Образование

Познат универзитет овозможува боледување за ментално здравје

Студентите на американскиот универзитет „Јејл“ од неодамна може да земат боледување за ментално здравје во текот на студирањето. Ова е овозможено со одлука од универзитетот која била донесена по тужба.

Тужбата била поднесена од страна на поединци и здружение на граѓани кое било основано по самоубиство на една студентка. Боледувањето треба да им овозможи на студентите подобро да се грижат за своето ментално здравје. Во тужбата, универзитетот бил обвинет дека не го препознавал менталното здравје како важен дел од здравјето, па затоа не одобрувал лекување на дијагнози поврзани со менталното здравје.

Студентите сега може да земат повеќе отсуства за боледување наместо досегашните две оправдани отсуства. Освен тоа, по враќањето на факултет тие не мора да ги надоместат пропуштените испити во првите две сесии. Се укинува и забраната за користење ресурси на универзитетот додека се отсутни.

Здружението го тужело универзитетот по самоубиство на студентка која на интернет објавувала за своите стравови поради отсуствување од предавања. Како што пишуваат американските медиуми, според правилата досега, по долго отсуство студентите често биле принудени да се откажат од факултетот.

Извор: Studomat
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование