X
 08.07.2020 Образование

Над еден милион странски студенти во САД може да бидат депортирани поради пандемијата

Американската имиграциона и царинска служба изјавила дека странските студенти што студираат на универзитети кои ќе одржуваат само онлајн-предавања мора да сменат факултет или да ја напуштат државата. Ова може да претставува проблем за многу студенти бидејќи голем број универзитети најавија дека нема да одржуваат класични предавања од следниот семестар поради пандемијата на коронавирусот.


Фото: Pixabay

Од службата изјавиле дека државата нема да им одобрува визи на студентите што се запишани на факултети кои ќе одржуваат само онлајн-предавања следниот семестар. Странските студенти што веќе се наоѓаат во САД ќе мора да се префрлат на универзитет кој ќе одржува и класични предавања или ќе бидат депортирани.


Фото: Pixabay

Според Институтот за меѓународно образование, во учебната 2018-2019 година на американските универзитети студирале над еден милион странски студенти четврта учебна година по ред. Поголемиот дел од нив се од Кина (369.548) и Индија (202.014), но има и од Канада, Мексико и други земји.

Странските студенти ѝ донеле 41 милијарда долари на националната економија во периодот 2018-2019.

Извори: Си-ен-ен, cnet.com, cnbc.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование