Дали сте знаеле дека во Франција во 1977 година уште се убивале луѓе на гилотина? Можеби ќе ве зачуди и податокот дека универзитетот Оксфорд е постар од цивилизацијата на Ацтеките.
Ова се 10 факти кои целосно ќе го променат вашето сфаќање за времето :
1. Клеопатра живеела поблиску до откривањето на „Снепчет“ отколку до изградбата на пирамидите во Гиза
Клеопатра починала 30 години пред новата ера, односно пред нешто повеќе од 2 илјади години. Од друга страна, пирамидите се изградени 2560 година пред новата ера.
2. Универзитетот
Оксфорд е постар од цивилизацијата на Ацтеките
Предавањата на Оксфорд започнале 1096 година додека цивилизацијата на Ацтеките настанала најверојатно на почетокот на 13 век.
3. Универзитетот Харвард е основан пред Исак Њутн да ги објави своите закони
Харвард е основан 1636 година, 50 години пред Њутн да го објави своето дело „Philosophiae naturalis principia mathematica“ во кое се објаснети законите за движење и гравитација.
4. На Месечината човекот слетал само 66 години по првиот лет на браќата Рајт
Првиот лет на браќата Рајт е реализиран во 1903 година, а Аполо 11 на Месечината слетал 1969 година.
5. Кога „Војна на ѕвездите“ првпат се појави во кината, во
Франција сè уште се убивале луѓе на гилотина
Последното убиство на гилотина во Франција се случило во 1977 година. Таа година светот го запозна Лук Скајвокер, Дарт Вејдер и принцезата Леа.
6. Вил Смит денес е постар од возраста што ја имаше актерот кој го играше неговиот тетин на почетокот од серијата „Принцот од Бел Ер“
7. Нападот на Светскиот трговски центар во Њујорк временски е поблиску до падот на Берлинскиот ѕид отколку до денешно време
Берлинскиот ѕид паднал во 1989 година, само 12 години пред нападот на 11 септември.
8. Кога историјата на вселената се сведе на една календарска година, човечкиот род би почнал да постои дури од 31 декември во 23:59 часот
Ако историјата на вселената се сведе на 365 дена, тогаш целокупната историја на човештвото би зазела нешто повеќе од последната минута на последниот ден во годината.
9. Повеќе од 6 проценти од сите луѓе кои некогаш живееле, живееле денес
Благодарејќи на експлозивниот раст на популацијата и напредокот на медицината и технологијата, моменталната човечка популација на Земјата е 6 проценти од вкупниот број на луѓе кои на Земјата живееле од настанувањето на човечкиот вид.
10. Сè што гледате всушност се случило во минатото
На мозокот му се потребни 50 милисекунди за да процесира визуелни информации. Од таа причина додека нешто навистина „гледате“, тоа веќе се случило.