X
 19.09.2016 Живот

Достигнувањето никогаш нема да те исполни како патувањето

Има некои работи од клучно значење што човек често ги сфаќа премногу доцна во животот. На пример: Ако сакаш да се занимаваш со она што те исполнува, ќе мора да работиш три пати повеќе од останатите.

Многу луѓе животот го поминуваат работејќи го она што некој им сугерирал, а не она што тие сакаат. Ако човек сака да работи нешто што му е при срце, на тоа треба да гледа како на привилегија, а не како на очекување. Малку ги има такви. Значи, ако има нешто што навистина сакаш, подобро веднаш почни да работиш на тоа.

Под гневот секогаш се крие страв.

Кога човек страда, посебно подолг период, прво верува дека тоа е заради нешто вон него, нешто што мрази. Всушност, секогаш под сето тоа се крие страв. Страв од загуба. Страв од ранливост. Но, ако се успее да се признае стравот, човек ќе биде способен да се движи напред.

Нашите секојдневни навики го создаваат човекот што ќе бидеме утре.

Она што човек го прави денес е само уште едно дејство кон она што тој ќе биде утре. Затоа не треба да се поттценува моќта на секоја, навидум небитна навика.

И за емоциите е потребна пракса, искуство.

Кога човек зборува за вежбање, најчесто зборува во контекс на вештини (вежбаш да свириш на пијано). Но, и она што човек станал емоционално е одраз на работите што свесно или несвесно ги применувал. Никој не е роден вознемирен.

Секој си има своја агенда.

Сите ние имаме свои соништа, цели, желби, семејства, блиски пријатели. Ти не можеш да ги контролираш другите, не можеш да очекуваш од некого ти да му бидеш на прво место.

Достигнувањето никогаш нема да те исполни како патувањето.

Ако човек на патот кон остварувањата не може да ужива со луѓето околу себе, тогаш крајната цел ќе стане безначајна.

Напорна работа и смеа меѓусебно не се исклучуваат.

Зошто многумина мислат дека смеењето значи дека некој не ја сфаќа работата сериозно? Најдобрите идеи доаѓаат кога човек е најопуштен, во моменти на радост. Да се смееш додека работиш или решаваш проблем, значи дека си отворен кон нови можности. Некои луѓе никогаш нема да ја научат оваа лекција, остануваат намуртени и стари. А, во животот човек треба да се забавува.
Подготвил: А.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот