X
 21.12.2017 Живот

Онлајн-тест преку кој се утврдува дали можете да бидете шпион

Австралиската тајна разузнавачка служба развила онлајн-игра за да ги тестира потенцијалните кандидати. На успешните играчи им е доделен код со кој побрзо ќе ја следат својата апликација.


Се работи за интерактивен онлајн-тест со кој може почетно да се утврди дали некој може да биде шпион. Ако на тестот поминете добро, ви се доделува таен код за завршување што може да се користи за да се аплицира за вистинска работа во сервисот. Кодот им дава до знаење дека го имате она што е потребно за да ја завршите работата.

Тестот е, всушност, комбинација од визуелни и аудиовежби со кои се тестираат интелигенцијата и интерперсоналните вештини. Некои од вежбите вклучуваат избирање на број што недостига во одредена низа, како и запомнување лица во маса луѓе, додека уште три лица зборуваат истовремено. Од сервисот истакнуваат дека бараат интелигентни луѓе со способност за набљудување, љубопитство и можат да формираат врски.

Луѓето почнале да ги споделуваат своите искуства со тестот на социјалните мрежи, а најголемиот број го исмејуваат процесот. Завршувањето на тестот не гарантира интервју, па процесот на вработување обично трае неколку месеци, критикуваат корисниците.

Сепак, ваквите агенции имаат потреба од голем број вработени, па за оние што се заинтересирани, но не се државјани на Австралија, може да се обидат и во Централната Агенција во САД која нуди тренинг-програми за студенти и други слични можности.
Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот