X
 21.12.2019 Живот

Боб Марли: Како да сакаш една жена

Можеби нема да ѝ бидеш прв маж, ниту пак последен или единствен. Таа сакала пред тебе, а можеби ќе сака и после тебе. Но ако сега те сака, дали нешто друго е важно? Таа не е совршена, а не си ни ти.

И вие двајца можеби никогаш нема да бидете совршени заедно, но ако таа може да те насмее, да те натера да размислиш двапати, да признае дека е човечко суштество и дека греши, тогаш држи се до неа и дај ѝ најмногу што можеш. Можеби нема да мисли на тебе во секоја секунда во текот на денот, но ќе даде дел од себе за кој знае дека ти можеш да го скршиш - нејзиното срце.

Затоа, немој да ја повредиш, немој да ја менуваш, не анализирај ја и не очекувај повеќе од она што таа може да го даде. Смеј се кога те прави среќен и дај ѝ до знаење кога те излудува, и нека ти недостига кога не е во близина.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот