Не сметајќи ги оние очигледните, ова се најважните разлики меѓу мажите и жените... кога би успеале да не ги губиме од вид, овој свет би можел да биде многу поубаво место за живеење.
Луѓето, откако постои светот и векот, се обидуваат да проникнат во суштината на разликите меѓу половите. Но и покрај сè, мажите и натаму „не ги разбираат“ жените, а жените и натаму сметаат дека мажите се „затворени“.
Секако дека не постои нешто како „мапа“ на машкиот или женскиот пол, но постојат некои научни сознанија кои можат да помогнат за подобро меѓусебно разбирање.
Психолозите, антрополозите, социолозите и останатите „ози“, се согласуват дека помеѓу половите клучни се овие генерални разлики:
1. Мажите и жените не еволуирале на ист начин
Ова е биолошки факт. Со векови и векови, мозокот кај мажите се оформувал соодветно на она што била главна работа за мажите – ловот и заштита од непријателите. За да ги исполни тие задачи, мажот морал да научи како да ја потиснува емпатијата. Истовремено, мозокот кај жените се развивал во правец на создавање и негување на односи, и во семејството но и во пошироката средина. Жената носи нов живот во заедницата и светот, па морала да научи да биде вешта во функционирањето во заедницата.
Начинот на кој еволуирале машкиот и женскиот мозок низ милениумите, дефинитивно игра важна улога во денешните машко-женски односи. Кога сите би го имале во вид фактот дека едноставно половите се еволутивно различно „наштелувани“ , многу конфликти и недоразбирања меѓу половите би можеле да се избегнат.
2. Еволутивните разлики не ги прават работите поедноставни
Второ прашање е прашањето на „еволутивно несогласување“. Тоа се однесува на фактот дека машкиот и женскиот мозок еволуирале во потполно различни услови од денешните. Мнозинството мажи денес сепак не одат во лов за да го прехранат семејството, ниту пак секоја жена раѓа за да остане во заедница со мажот-ловец.
Ова може да биде причина за анксиозност и збунетост и кај мажите и кај жените, но доколку отворено се разговара со партнерот или партнерката за таквите чувства, тоа може да донесе мир и хармонија во заедничката врска.
3. Мажите и жените не секогаш се согласуваат за прашања во врска со љубовта и сексот
Мажите немаат ист капацитет за емпатија и дијалог како жените и затоа припадниците на различните полови често имаат различни мислења за значењето на љубовта и сексот. На пример, четири пати е поголема вројатноста дека мажот смета дека сексот и емоционалната блискост се иста работа, за разлика од мислењетона жената.
Тоа го потврдуваат и бројни современи студии, каде резултатите потврдуваат дека мажите се вљубуваат побрзо во споредба со жените. Значи, и мажите и жените треба да се свесни дека еден ист термин има различно значење кај двата пола, што е доказ повеќе во прилог на теоријата дека меѓусебната комуникација е многу важна работа.
4. Полот не е најважен
Постојат големи разлики меѓу мажите и жените – и биолошки и психолошки, но важно е да се знае дека постојат и работи кои се над половите разлики. Ние сме нешто повеќе од едноставно „маж“ или „жена“. Секој од нас е и поедницец и личност. Тоа исто така е нешто што често пати го губиме од вид – едноставната вистина дека секое човечко битие се разликува од останатите човечки битија. Значи, ниту во односите меѓу половите нема место за генерализација.
5. Односот меѓу мажот и жената се менува со текот на годините кои ги поминуваат заедно
Ова особено треба да го имаат предвид паровите кои долго време се заедно. Тие мораат да знаат дека нивната врска ќе продолжи да се развива и менува со секоја голема животна пресвртница.
Кариера, деца, болест... Сите овие прашања можат во потполност да ја променат динамиката на односот меѓу двете личности. Затоа е многу важно и двајцата да го негуваат меѓусебниот однос и да продолжат да окриваат делови од себе одново и одново пред својот партнер. Тоа е единствениот начин љубовта меѓу нив да продолжи да живее.
Постојано имајте го пред себе фактот дека од создавањето на човештвото,
мажите и жените се „осудени“ да живеат во симбиоза.