X
 18.06.2022 Живот

Запознајте ја Далија Рамос, Мексиканката која прави тркачки автомобили за Ф1 тим


Далија Рамос е шефица на одделот за изградба и тестирање во „Алпин Ф1 тим“, конструктор на „Формула 1“.

По започнувањето на кариерата во „Проктер & Гембл“, Рамос се преселила во Англија на магистратура по производствено инженерство и менаџмент на Универзитетот во Нотингем.

Потоа работела во „Ролс-Ројс“ како производствен инженер. Нејзиниот живот добил драматичен пресврт кога францускиот производител на автомобили „Рено“ ја реновирал својата фабрика Ф1 во Ен Стоун, Англија, и го ребрендира својот бренд Ф1 за да стане „Алпин Ф1 тим“.

Ребрендирањето отвори работно место за шеф на изработка и тестирање на „Алпин“, тим одговорен за механичка конструкција, тестирање и финална конструкција на тркачките автомобили.

тим
Фото: Alpine F1 Team

Рамос вели дека тоа е голем и обемен оддел кој работи на голем број аспекти на возилото, како што се менувачот, сопирачките, хидрауликата, предните и задните спојлери, гумите и седиштата.

Исто така, ги произведува алатките што ги користи екипажот во боксот и се грижи за автомобилите на академијата „Алпин“  што ги користат нејзините млади возачи.

Рамос смета дека работата е совршена за неа.

Кoга му се приклучила на тимот на „Алпин“, нејзината прва задача била да го изгради автомобилот на тимот за сезоната 2022 година, а целите биле да ги подобри претекнувањето, блиските трки и конкуренцијата во спортот.

- Периодот пред почетокот на сезоната го нарекуваме „изградба на автомобили“. Тоа ми беше прва година, мојот прв автомобил и беше исклучително тешко. Сите ми велеа дека е најлошото што го доживеале во последните години - раскажува таа.

Новиот автомобил требаше да се трка во кампањата во 2021 година, но тоа беше одложено поради пандемијата. „Алпин“ ја искористи можноста за понатамошен развој на болидот, вели Рамос.

1
Фото: Alpine F1 Team

- Во Ф1 секогаш кога ќе ви речат дека имате уште 10 минути, треба да ги искористите тие 10 минути и да го подобрите болидот. Кога стигнавме до склопување на компонентите, беше прилично интензивно. Работевме седум дена во неделата и тоа навистина долги смени - раскажува Рамос.

- Обично имаме генерален план за тоа што ќе се случи во текот на годината, но тој станува поконкретен како што се приближуваме до одредени трки - вели таа и додава дека добива повратни информации од возачите на „Алпин“, Фернандо Алонсо и Естебан Окон, за време на трките.

Според Рамос, од 850 луѓе што работат во фабриката на „Алпин“ во Естон, само 11 отсто се жени, а само пет доаѓаат од Латинска Америка.

- Еден пријател ми рече дека сум малцинство меѓу малцинствата. Горда сум поради тоа - вели Рамос.

zena
Фото: Alpine F1 Team

Францускиот тим работи со Комитетот за различност и инклузија и има цел да ја зголеми застапеноста на жените на 30 отсто до 2025 година. Рамос вели дека првиот чекор е да им се покаже на жените дека Ф1 ќе им ги даде местото, вредноста и почитта што ја заслужуваат.

- Треба да ги едуцираме луѓето во фабриката кои не се навикнати да гледаат жени на одредени позиции - додава таа.

„Алпин“ моментално се наоѓа на петтото место на Светското првенство за конструктори, со 47 поени. Окон е на 9. место во шампионатот на возачи, а Алонсо на 11. место.

Извор: Business Insider
Фото: Alpine F1 Team
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот