X
 05.02.2019 Технологија

Ако сте ги имале овие апликации, можно е да ви се украдени фотографиите

„Гугл“ неодамна избриша 29 апликации бидејќи тие можеле да ги компромитираат чувствителните информации на корисниците. Тие не само што испраќаа непосакувани реклами до корисниците туку и потенцијално можеле да украдат приватни фотографии.

Експертите за сајбер-безбедност од „Тренд микро“ ги откриле овие апликации. Тие предупредуваат дека може да се користат за малициозни намери.

- Некои од овие апликации веќе се преземени милион пати. Голем број од преземањата доаѓаат од Азија, особено од  Индија - изјави компанијата за сајбер-безбедност.

Апликациите за камера се многу популарни меѓу фановите на социјалните мрежи, а некои од нив им помагаат на корисниците да ги „разубават“ нивните фотографии или да експериментираат со филтри и шминка пред фотографијата да биде споделена на „Фејсбук“, „Инстаграм“ или на други платформи.

aplikacija
Фото: Getty Images


Истражувачите од „Тренд микро“ предупредуваат дека кога корисниците ќе ги преземат овие апликации, се појавуваат непосакувани реклами, вклучувајќи ги и оние со порнографска содржина.

Дел од овие апликации ги тераат корисниците на „фишинг“ веб-страници кои ги мамат луѓето за да споделат лични информации, вклучувајќи и домашна адреса и телефонски број.

Ова се апликациите за кои се смета дека се опасни:

Pro Camera Beauty

Cartoon Art Photo

Emoji Camera

Artistic effect Filter

Art Editor

Beauty Camera

Selfie Camera Pro

Horizon Beauty Camera

Super Camera

Art Effects for Photo

Awesome Cartoon Art

Art Filter Photo

Art Filter Photo Effcts

Cartoon Effect

Art Effect

Photo Editor

Wallpapers HD

Magic Art Filter Photo Editor

Fill Art Photo Editor

ArtFlipPhotoEditing

Art Filter

Cartoon Art Photo
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија