X
 29.06.2017 Технологија

„Ајфон“ ја прославува десетгодишнината од промоцијата на првиот модел

ajfon
Фото: AFP

„Ајфонот“ на компанијата „Епл“ , кој по клацкавиот почеток поттикна револуција на паметните мобилни телефони, оваа недела прославува десет години од излегувањето на првиот модел.

„Епл“ од 29 јуни 2007 година до сега продаде повеќе од милијарда примероци, но првиот модел кој беше лансиран без App Store  и кој беше ограничен на користење на мрежата  AT&T, имаше многу поограничени можности во однос на денешните модели.

Почетната продажба на подоцна легендарниот модел, беше лоша, па „Епл“ беше принуден да ја намали цената за да во празничната сезона продаде што повеќе примероци. Сепак, „Ајфонот“ стануваше сè попопуларен меѓу купувачите, особено по 2008 година, кога беше лансиран App Store кој овозможи изработка и продажба на бројни апликации за тој мобилен телефон.

Сега љубителите, на дестгодишнината од првиот модел, нетрпеливо  го очекуваат „Ајфон 8“, најверојатно, уште оваа есен.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија