X
 21.12.2021 Наука

Уникатна фотографија од Меѓународната вселенска станица над Колосеумот

Не е лесно да се фотографира Меѓународната вселенска станица од Земјата. Станицата се движи со брзина од околу 28.000 километри на час и од долу се гледа како мала точка.

Затоа, нова фотографија од астрофизичарот Џанлука Маси се смета за фотографија што се прави еднаш во животот.

Маси соработувал со археолошкиот музеј во римскиот Колосеум за да ја фотографира Меѓународната вселенска станица како поминува над Колосеумот на 6 декември.



Извор: Cnet
Фото: Twitter
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука