Кога помислувате на Алберт Ајнштајн, што прво ви паѓа на ум? Дали е тоа неговата теорија за релативност, онаа од која произлегла равенката Е=mc2? Или неговата Нобелова награда за откривањето на фотоелектричниот ефект?
Многу луѓе, Ајнштајн го поврзуваат со фотографијата што може да се најде буквално насекаде. За сериозен научник кој направил огромни откритија за универзумот, фотографијата со испружениот јазик, тоа е прилично будалесто лице, но има смисла кога ќе ги дознаете околностите.
Фотографијата што „Гардијан“ ја нарекува „една од најпознатите фотографии на 20-от век“, била направена на 14 март 1951 година, на роденденот на Ајнштајн. Научникот ја напуштал забавата во негова чест на Универзитетот Принстон, кој бил преполн со фотографи, па разбирливо е тоа што бил уморен од смешкање цела ноќ.
Како што ја напуштал забавата, и се качил на задното седиште на автомобилот, помеѓу д-р Френк Ајделте, поранешниот шеф на Институтот за напредно проучување на Универзитетот Принстон, и сопругата на Ајделте, Мари Жанет, уморниот Ајнштајн, им рекол на новинарите: „Доволно е!“. Сепак, тие го игнорирале, па од огорченост и од инает, Ајнштајн го исползил јазикот, а веднаш потоа се свртел. Артур Сасе од „УПИ“ имал доволно среќа да го фати овој момент.
Кога Ајнштајн ја видел фотографијата, се воодушевил и побарал девет вакви фотографии, за да ги искористи како разгледници. Повеќето од нив биле исечени за да биде вклучено само нивното лице, создавајќи ја иконската фотографија што ја знаеме денес.
Една
фотографија останала онаква каква што е, и тој ја потпишал за новинар. Во 2017 година, оваа фотографија се продала на аукција за неверојатни 125.000 долари.